Шпанија
Министрите на ЕУ на онлајн состанок за Сеута
04.08.2026 09:04
Европските министри за внатрешни работи денеска на итни разговори. Претседателката на Европската комисија, фон дер Лајен, повика на „обединета акција“...

Брисел бара посилна заштита на границите по масовниот прилив на мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута. Европските министри за внатрешни работи денеска на итни разговори. Претседателката на Европската комисија, фон дер Лајен, повика на „обединета акција“. Во исто време илјадници мигранти се вратија во Мароко додека дел останаа заглавени на плажите претворени во кампови.
Случувањата ги зголемија тензиите меѓу земјите во блокот, откако Италија привремено го суспендираше Шенгенскиот договор со Шпанија.
