РКЕ

Денеска нови цени на горивата

04.08.2026 09:24

Деновиве премиерот Мицкоски рече дека очекува да има намалување на цените на горивата и дополнително стабилизирање на инфлацијата.

Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата. Изминатите две недели имаше зголемување и на дизелот и на бензините. Еуросупер БС-95 се продава за 93, а 98-цата за 95 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот изнесува 98,5 денари.

Деновиве премиерот Мицкоски рече дека очекува да има намалување на цените на горивата и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Посочи дека движењата на светските берзи и цената на суровата нафта влијаат врз формирањето на домашните цени, додавајќи дека владата континуирано ја следи состојбата на енергетските пазари, а решенијата ќе се бараат постепено и во согласност со економските предизвици.