Извлечена ждрепката за плејофот од Лигата на шампионите
04.08.2026 09:08
УЕФА ја одржа ждрепката за плејоф-фазата од Лигата на шампионите, со која беа одредени двојките што ќе се борат за последните седум места во лигашката фаза од сезоната 2026/27.

Според правилата на натпреварувањето, ќе се одиграат пет плејоф-двојки во шампионската патека, односно меѓу екипи кои се национални шампиони и настапуваат низ квалификациите, додека преостанатите две двојки ќе бидат во лигашката патека, составена од клубови кои се квалификуваа врз основа на пласманот во своите домашни првенства.
ПЛЕЈОФ
ШАМПИОНСКА ПАТЕКА
- Левски Софија / Каират Алмати - АЕК Атина
- Селтик - ЛАСК Линц
- Динамо Загреб / Кауно Жалгирис - Викинг
- Мјалби / Слован Братислава - Арарат-Ерменија / Целје
- Хапоел Беер Шева / Црвена звезда - Архус / Сабах
ЛИГАШКА ПАТЕКА
- Фенербахче / Штурм Грац - Спарта Прага / Олимпик Лион
- Олимпијакос / НЕК Најмеген - Унион Сен Жилоаз / Бодо/Глимт
