Пожарникарите цела ноќ на терен

Пожарот кај Кавадарци под контрола, но сè уште е активен

04.08.2026 09:10

Пожарот во кавадаречко е значително намален по целоноќната интервенција на пожарникарите и надлежните служби, но сè уште не е целосно изгаснат. Од рано утринава на терен се ангажирани повеќе екипи кои дејствуваат на два правци.

Пожарот во кавадаречко е значително намален, но и натаму е активен, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Како што соопшти Ангелов, пожарникарите и другите служби работеа во текот на целата ноќ, а од 6 часот утринава интервенцијата продолжува со засилени сили на два правци – од селото Дреново кон Ќесендре и во реонот на селото Раец.

На терен се ангажирани екипи од ЈП „Комуналец“ – Кавадарци, Министерството за внатрешни работи, ЈП Национални шуми – подружница „Бор“ Кавадарци, Територијалните противпожарни единици од Кавадарци и Неготино, со цистерни, противпожарни возила, теренски возила, механизација и десетици пожарникари и вработени.

Надлежните продолжуваат со активностите за целосно локализирање и гаснење на пожарот.