Растат тензиите околу Ормускиот теснец
Порача дека ова е „последната шанса“ за Иран да постигне договор и да избегне ескалација. Ормускиот теснец и иранската нуклеарна програма остануваат во фокусот...

Американскиот претседател Трамп со остри критики кон иранското раководство, нарекувајќи го „неверојатно дволично“, откако Техеран ги демантираше неговите тврдења за продолжување на преговорите. Порача дека ова е „последната шанса“ за Иран да постигне договор и да избегне ескалација. Ормускиот теснец и иранската нуклеарна програма остануваат во фокусот.
„Од некоја причина, тие не сакаат да признаат дека разговараат. Но, разговорите се во тек. Ова е нивната последна шанса да потпишат договор. Ако ја пропуштат, нема друга. Разговараме за Ормускиот теснец и неговото отворање, тоа е првата фаза. Втората фаза е денуклеаризацијата на Иран, која мора да се случи и за која ќе биде потребно малку повеќе време“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Од друга страна Иран тврди дека преговара со Оман за обезбедување безбедна рута во протокот, но не и негово отворање. Се закани дека ќе го таргетира секој американски воен брод што ќе им наметне поинаква рута на бродовите што го преминуваат теснецот.
„Во никој случај нема да дозволиме да се отвори втор коридор. Дури и ако распоредат воени бродови, ние ќе ги гаѓаме. Она што е важно за врховниот лидер е Американците да го променат своето однесување“, изјави генерал Мохсен Резаи, член на Советот за целесообразност на Иран.
Во меѓувреме пријавен уште еден погоден танкер во теснецот.
