Високите температури проблем за енергетиката
Нискиот водостој на Дунав создава проблеми за енергетиката – Романија минира карпи за да го расчисти коритото и да ја спаси нуклеарката Чернавода, додека Унгарија целосно ја исклучи нуклеарната централа „Пакш“...

Високите температури, сушата и пожарите ги погодија Европа и Балканот. Нискиот водостој на Дунав создава проблеми за енергетиката – Романија минира карпи за да го расчисти коритото и да ја спаси нуклеарката Чернавода, додека Унгарија целосно ја исклучи нуклеарната централа „Пакш“.
„Мораме постојано да го следиме енергетскиот биланс од час во час. И доколку е потребно, ако намалувањето на доброволната потрошувачка од страна на големите компании не е доволно, мора веднаш да интервенираме и да спроведеме задолжително намалување. Или уште полошо, да се иницира исклучување за одредени индустриски потрошувачи“, изјави Петер Маѓар, премиер на Унгарија.
Проблеми има и во Србија со хидроцентралата „Ѓердап“. Во меѓувреме, големи пожари беснеат во Грција и јужна Албанија, каде се спроведуваат евакуации и се ангажирани големи противпожарни сили.
