Македонија

ЦУК: Регистрирани 29 пожари во изминатото деноноќие, активни остануваат два

04.08.2026 09:42

До 7:30 часот утрово во државата се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а 27 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од Центарот за управување со кризи, активни остануваат пожарите во Општина Кавадарци, помеѓу селата Раец и Ќесендре, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и во Општина Прилеп, на улицата „Дебарска“ кај месноста Теке, каде што гори депонија. Во Прилеп, другите три правци на пожарот се веќе изгаснати.

Во текот на изминатото деноноќие целосно се изгаснати 27 пожари во повеќе општини низ државата, меѓу кои Скопје (Бутел, Шуто Оризари, Аеродром, Сарај и Сопиште), Битола, Новаци, Крушево, Василево, Охрид, Кичево, Струга, Македонски Брод, Велес, Росоман, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Брвеница, Јагуновце, Тетово, Теарце и Карбинци.

Од ЦУК информираат дека надлежните служби и натаму се на терен и ги следат активните жаришта, со цел нивно целосно локализирање и спречување на повторно ширење на огнот.