Лавров: Ширењето на НАТО е грешка
Шефот на руската дипломатија Лавров изјави дека ширењето на НАТО е грешка и во одреден степен провокација.
“Тоа е неодговорна политика, која го подрива системот на еднаква и неделива безбедност во Европа, независно од тоа, во кој воено-политички блок припаѓате“, рече Лавров пред новинарите, на маргините на 69-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Порача дека Русија нема да дозволи нова трка за вооружување, но е свесна за актуелните закани по безбедноста. Лавров обвини дека кај руските партнери во НАТО, и натаму, за жал, е присутен менталитетот од Студената војна.