Фудбал

Голманот на Барселона Тер Штеген е новото засилување на Ајакс

04.08.2026 14:10

Претходно пак, познатиот спортски новинар Фабрицио Романо на социјалните мрежи објави дека Ајакс ќе има обврска да плаќа поголем дел од платата на 34-годишниот Германец.

Голманот на Барселона Марк-Андре Тер Штеген од следната сезона ќе биде ново засилување на Ајакс, откако двата тима постигнаа договор со кој Германецот ќе пристигне во Амстердам како позајмен играч и тоа за сезоната 2026/27. 

Претходно пак, познатиот спортски новинар Фабрицио Романо на социјалните мрежи објави дека Ајакс ќе има обврска да плаќа поголем дел од платата на 34-годишниот Германец.

„Марк има извонредна кариера, а неговите квалитети се широко признати. Тој ќе го засили нашиот тим. Марк и јас се познаваме добро и со нетрпение очекувам повторно да соработуваме со него. Работиме на овој трансфер веќе подолго време, па затоа сме многу задоволни што договорот е потпишан и тој може да започне“, рече спортскиот директор на Ајакс, Жорди Кројф.

Тер Штеген се приклучи на Барселона во 2014 година, а неговиот договор со каталонскиот фудбалски гигант клубот важи до летото 2028 година. 

Во јануари 2026 година, голманот се пресели во Жирона на позајмица, но по два натпревари заработи повреда на тетивата и го пропушти остатокот од сезоната 2025/26.