Блиски Исток
Израел и Либан на нова рунда преговори во Рим
04.08.2026 19:23
Разговорите се темелат на договорот од јуни, кој предвидува распоредување на либанската армија во областите што ги напушта израелската војска и разоружување на Хезболах...

Либан и Израел во Рим почнуваат нова рунда преговори со посредство на САД, со цел постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан. Разговорите се темелат на договорот од јуни, кој предвидува распоредување на либанската армија во областите што ги напушта израелската војска и разоружување на Хезболах.
Вашингтон очекува напредок околу граничните прашања и поширок мировен договор, додека Хезболах повторно го отфрли договорот и одби да го предаде оружјето.
