ТОПЛО ВРЕМЕ

Високите температури и сушата ги разгоруваат пожарите низ Европа

04.08.2026 18:11

Големи шумски пожари беснеат во Холандија и Италија...

Топлото време, високите температури и сушата ги разгоруваат пожарите низ Европа. Големи шумски пожари беснеат во Холандија и Италија. На Балканот, најкритична е состојбата во Грција, каде пожарот во западниот дел на Атика и натаму е вон контрола, поради што се наредени нови евакуации во најмалку три мали населени места северно од индустрискиот град Мегара.

Голем пожар беснее и во јужна Албанија, кај Делвина и Финиќ, каде властите ја оценија ситуацијата како критична, додека најтешка останува состојбата во регионот на Дарда.