Македонија

Граѓаните на Гостивар чекаат питка вода

04.08.2026 13:13

Состојбата во Гостивар и денеска статус-кво. Водата не смее да се пие. Кризниот штаб за попладнево најави состанок.

Сè уште и покрај екстремното хипехлорирање на гостиварскиот водовод има бактерија, која предизвикува низа проблеми, така што, не може да се добијат согласно со протоколите, три последователни исправни извештаи.

Што велат надлежните, во врска со натамошната постапка на заболените, дали може да стравуваат од жолтица и други здравствени проблеми. За попладнево закажан е состанок на Кризниот штаб.

Денешната слика и реакции ги има Наташа Јанчиќ-Менковски.