Ван Дер Бром на клупата на АЗ

27.09.2014 15:52

Џон Ван Дер Бром е именуван за нов тренер на АЗ Алкмар. Поранешниот предводник на Андерлехт на клупата на холандскиот тим ќе го замени Марко Ван Бастен, кој поднесе оставка поради здравствени причини и посака да остане во стручниот штаб, но како асистент. Клубот и Ван Дер Бром веќе постигнале устен договор, а потписите на хартија ќе бидат ставени во текот на следната недела.

Сепак, на денешниот натпревар од холандското првенство против Ден Хаг, Ван Дер Бром нема да го води Аз Алкмар, туку тандемот Денис Хар – Ван Бастен.