Охрид
Спасителите на вода со над 500 интервенции
04.08.2026 13:37
Центарот за безбедност на вода во Охрид со полни раце работа...

По продолжениот празничен викенд, Охрид беше преполн со туристи како никогаш досега, тоа само по себе носи многу предизвици, но и проблеми. Центарот за безбедност на вода во Охрид со полни раце работа. Спасен 21 давеник укажани над 500 интервенции на прва помош. Во екот на туристичката сезона, на 12 капалишта на охридското крајбрежје се ангажирани 14 спасители кои секојдневно се грижат за безбедноста на капачите.
Известува Соња Рилковска.
