Енергетика

Има ли ризик од намалено производство на струја?

04.08.2026 17:21

Експертската јавност со поделени мислења, едни сметаат дека има ризик високите температури да влијаат на работата на хидроелектраните, други пак, со оглед енергетските извори кои ги користиме, велат нема опасност...

Климатските промени не се само еколошки предизвик, туку влијаат и на производствтоо на електрична енергија. Експертската јавност со поделени мислења, едни сметаат дека има ризик високите температури да влијаат на работата на хидроелектраните, други пак, со оглед енергетските извори кои ги користиме, велат нема опасност.

 
Регулаторна прави анализи за можностите за проширување на евтината дневна струја и измени на блок тарифите за домаќинствата. Целта е да се зголеми потрошувачката од 11 до 15 часот кога е поголемо производството на струја.
 
Енергетските компании треба до крајот на септември да ги достават своите предлози, по што ќе следуваат анализи. Конечната одлука се очекува во декеври. Доколку биде усвоен новиот тарифен модел, ќе почне да се применува од 1 јануари 2027 година.
 
Александра Велинова