Водовод

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува сите стандарди

04.08.2026 15:00

Водата за пиење во Скопје е здравствено исправна и безбедна, покажуваат последните лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на изминатата недела биле анализирани вкупно 390 примероци од 42 мерни места, при што сите резултати се во согласност со важечкиот правилник за квалитет и безбедност на водата за пиење.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел навремено информирање на граѓаните.

Во периодот од 27 до 31 јули 2026 година, Секторот за санитарна контрола земал 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа од вкупно 42 мерни места низ главниот град.

Според резултатите од лабораториските испитувања, сите анализирани примероци ги исполнуваат барањата од Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, што потврдува дека водата од скопскиот водовод е безбедна за употреба.