Продолжува СП за одбојкарки

27.09.2014 15:54

На женското Светско одбојкарско првенство во Италија, завршија четири денешни натпревари од утринската сесија. Бугарија го победи Камерун со 3-0, а во три сета славеше и Белгија против Азербејџан, како и Казахстан против Мексико. На Хрватките им беа потребни четири сета за да го совладаат отпорот на Тунижанките.

Во терминот од 17 часот, Аргентина ќе игра со Доминиканска република, Русија со Холандија, Србија ќе ги одмери силите со Канада, а Јапонија со Порторико.

Бразил – Турција, Италија – Германија, Кина – Куба и САД – Тајланд се двојките во вечерниот термин од 20 часот.