Забраната останува, Гостивар и натаму без питка вода
Ниту последниот состанок на Кризниот штаб не донесе олеснување за жителите на Гостивар. Водата од градскиот водовод и понатаму не е безбедна за пиење и може да се користи исклучиво за технички потреби. Надлежните најавуваат интензивни контроли, а забраната ќе остане во сила сè додека три последователни анализи не потврдат дека водата е бактериолошки исправна.

И последниот состанок на Кризниот штаб не донесе добри вести за гостиварци. Водата од чешма и натаму не смее да се пие. Може да се користи само за технички потреби, но не и за консумација или приготвување храна. По интензивното хлорирање, надлежните препорачуваат граѓаните почесто да ја испуштаат водата, бидејќи како што велат, токму застојаната вода во цевките придонела за појава на бактерија која сега се обидуваат да ја искоренат.
Ќе следуваат интензивни проверки на водата, па штом три последователни анализи покажат дека е бактериолошки исправна ќе може да се користи и за пиење.
Жителите на Гостивар повеќе од две недели немаат питка вода во чешмите, но владата секој ден прави дотур на повеќе од 580 литри за потребите на градот. На 17-ти минатиот месец се донесе забраната за целосно користење на водата, а два дена потоа надлежните прогласија епидемија. Од 27-ми јули до денес, водата се користи само како техничка.
Анита Димитријевска-Велковска
