АМСМ

На ГП „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од државава

05.08.2026 08:08

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничен премин Богородица се бележи време чекање за излез е околу 30 мин, за влез околу 15 мин, на другите граничните премини од Македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.