Сончево и топло време со температури до 40 степени
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во следните три дена не очекува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Темпераурите ќе се движат од 32 до 40 степени.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 31 до 40 степени. Во Скопје ќе имаме слично време – сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец и температура до 37 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во следните три дена не очекува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Темпераурите ќе се движат од 32 до 40 степени.
Како што минатата недела информираше УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ до крајот оваа седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени.
