САД: Наскоро можен договор со Иран
Веќе е изготвен текст на можен договор и сега се доставува до САД и Иран, објави Министерството за надворешни работи на Катар. Земјата, заедно со Оман тесно соработува во посредувањето за примирје меѓу САД и Иран.

Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, изјави дека Вашингтон би можел да постигне договор со Иран час поскоро за повторно отворање на Ормускиот теснец. На прашањето дали ќе има патарини за движење низ теснецот, Бесент рече дека тоа би било слобода на движење.
Од дрга страна, американскиот претседател, Доналд Трамп вели дека Иран ќе биде „многу силно погоден“ ако протокот не се отвори наскоро. Секретарот за финансии на САД пак, истакна дека изминатите неколку дена многу бродови биле забележани како излегуваат од теснецот.
„Иако работите сè уште се малку несигурни таму, во текот на изминатите неколку дена видовме доста бродови како излегуваат. Очекувам цените на енергијата да се смират, што, како што реков, ќе биде добро за целиот свет. Штом теснецот повторно се отвори, има стотици, ако не и илјада бродови кои чекаат да излезат“, изјави Бесент, секретар за финансии на САД.
Веќе е изготвен текст на можен договор и сега се доставува до САД и Иран, објави Министерството за надворешни работи на Катар. Земјата, заедно со Оман тесно соработува во посредувањето. Фокус на посредниците е постигнување краткорочно решение кое би овозможило враќање на Вашингтон и Техеран на преговарачка маса, но се нагласува дека во моментов нема директни разговори меѓу двете страни.
