Се чека извештајот од инспекцискиот надзор за случајот со 19-годишната родилка од Струмица
Заврши вонредниот инспекциски надзор во болниците во Штип и Струмица, како и контролата на Клиниката за неврологија. Денеска се очекува да биде комплетиран извештајот за 19-годишната родилка која по царски рез остана неподвижна, а институциите ќе утврдуваат дали имало пропусти во нејзиното лекување.

Завршен е вонредниот инспекциски надзор во штипската и струмичката болница и контролата во Универзитетската клиника за неврологија. Денеска треба да биде комплетиран извештајот за 19-годишната струмичанка, која по царски рез, остана неподвижна.
Инспекторатот ќе треба да утврди дали имало пропусти во третманот на Михајлова. Нејзиното семејство обвинува за лекарска грешка.
Од Министерството за здравство посочија дека случајот ќе биде разгледан темелно, професионално и до крај, а доколку се утврдат пропусти, ќе бидат преземени соодветни мерки, согласно законските прописи.
Од штипската клиничката болница велат дека пациентката имала уреден постоперативен тек и била испишана во добра состојба, но дека оставаат надлежните да утврдат.
