Од Охрид почнува музичкиот караван за 35 години независност на Македонија
Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста, в недела од Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години независност на Македонија. Преку мултимедијален сценски спектакл, со музика, глума и танц, во 11 градови низ државата ќе биде претставена приказната за најзначајните моменти, предизвиците и достигнувањата на земјата во изминатите три и пол децении.
Во недела, на 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.
Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за трите и пол децении независност, со акцент на најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата на државата.
Караванот се организира во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста, кој годинава се одбележува како јубилејна 35-годишнина. Во наредниот период ќе бидат одржани настапи во 11 градови низ државата, со учество на познати македонски музички изведувачи и актери.
Завршниот перформанс е предвиден за 4 септември на плоштадот „Македонија“ во Скопје, каде што на сцената ќе настапат повеќе од 120 уметници. Организаторите најавуваат дека останатите градови што ќе бидат дел од караванот ќе бидат дополнително објавени.
