Шпанија

ЕУ постигна согласност за интензивирање на борбата против мрежите за криумчарење мигранти

05.08.2026 15:57

Министерот за внатрешни работи на Шпанија вели дека во Сеута изминатата недела влегле околу 72.000 мигранти, а над 75 лица загинале на патот кон Европа.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ постигнаа согласност за интензивирање на борбата против мрежите за криумчарење мигранти и воведување подобар надзор на социјалните мрежи.

Одлуката доаѓа по одржаната видео-конференција посветена на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во Сеута на северноафриканскиот брег.

Министерот за внатрешни работи на Шпанија вели дека во Сеута изминатата недела влегле околу 72.000 мигранти, а над 75 лица загинале на патот кон Европа.

Се верува дека повеќе од илјада малолетници остануваат во Сеута, без своите семејства.