Албанија

Пожар во Малакастро во Албанија, гори на уште 20 жаришта ширум земјата

05.08.2026 10:10

Во Грција пак, пожарите полека стивнуваат, а жителите се враќаат во опожарените области кај Атина.

Пожар избувнаа во албанската општина Малакастро, предизвикувајќи голема штета. Тамошните власти интервенираат на вкупно 20 жаришта низ целата земја, соопшти Министерството за одбрана на Албанија. 

Во Грција пак, пожарите полека стивнуваат, а жителите се враќаат во опожарените области кај Атина.

По Франција, Шпанија, Португалија, голем пожар ја зафати и јужна Холандија. Топлотниот бран што ја погоди Европа исклучително рано и силно оваа година, ја зголеми опасноста од пожари.

Во исто време, реките и езерета бележат рекордно ниско ниво, што ги стави под прашање потрошувачката на вода и струја во поголемиот дел на континентот.