Владата со директна помош за најпогодените сточари од син јазик

27.09.2014 16:13

Владата со сет мерки, за да се спречи ширењето на болеста син јазик. Се одвојуваат 18 милиони денари за прскање и вршење дезинсекција на шталите. Сточарите кои имаат угинати животни ќе се ослободат од пашарина, а за да добијат субвенции, угинатите животни треба да ги пријават кај ветеринарен инспектор.

„Постојано сме на терен ние и ветеринарските инспекции. Ситуацијата е тешка и веднаш на итна седница решивме да ги донесеме овие мерки, прво од превентивна и заштитна природа. Постојано ќе бидеме на терен и ќе ја следиме состојбата преку 330 лица кои секој ден ќе бидат присутни во одгледувалиштата и ќе дават извештај до надлежните, по што ќе се разгледа ситуацијата и ќе бидат донесени нови мерки“, изјави заменик министерот Костадиновски за МРТ.