Македонија

ССМ бара прекин на работата на отворено од 11 до 17 часот поради топлотниот бран

05.08.2026 14:27

Поради високите температури, Сојузот на синдикатите на Македонија апелира работодавачите да ја прекинат или ограничат работата на отворено во најтоплиот дел од денот. Од ССМ бараат задолжително почитување на мерките за заштита на работниците и предупредуваат дека препораките не смеат да се третираат како доброволни.

ССМ бара прекин на работата на отворено во најтоплиот дел од денот. Поради високите температури, Синдикатот апелира работодавачите да ја запрат или ограничат работата на отворено од 11 до 17 часот и да обезбедат безбедни услови за вработените.

Посебна заштита се бара за повозрасните работници, хронично болните и бремените, а работодавачите се повикуваат да обезбедат вода, почести паузи и заштита од сонце.

Апел-слабост, главоболка, вртоглавица, гадење, грчеви, бледило, конфузија и губење свест можат да бидат знаци на топлотно исцрпување или топлотен удар. Работникот со вакви симптоми треба веднаш да биде тргнат од сонце и префрлен во разладена просторија.

ССМ бара работодавачите да не ги третираат препораките како доброволна добра волја, туку како дел од законската обврска за безбедност и здравје при работа