Македонија

Осум лица повредени во верижен судир кај Битола

05.08.2026 13:53

Тешка сообраќајка на патот Битола-Прилеп. Осум лица се повредни во верижен судир на четири возила.

Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3, во близина на мостот на реката Шемница, утрово од 9-12 часот целосно го затвори патниот правец Прилеп-Битола. Во сообраќајната несреќа учествувале четири возила, а 9 лица со тешки телесни повреди се пренесени во Клиничката болница во Битола.

Оттаму информираат дека тројца од нив се пуштени на домашно лекување, а останатите шест се хоспитализирани. Еден од нив во моментот е во операциона сала и уште еден пациент заради фрактури се подготвува за операција. Дел од повредените се странски државјани.

По добиената пријава, екипи на СВР Битола, ТППЕ и службата за Итна помош интервенирале на терен. По направениот увид од страна на надлежен јавен обвинител, се очекуваат официјални информации од за причините за несреќата.

Патниот правец Прилеп-Битола, од 12 часот е отворен за сообраќај.

Александра Максимовска