Гостиварци трета недела немаат исправна вода за пиење
Поради штетна бактерија, водата од гостиварскиот водовод и натаму не е безбедна за пиење. Може да се користи само како техничка. Надлежните продолжуваат со анализите. Последната бројка од Министерството за здравство е дека седумдесетина граѓани побарале лекарска помош поради здравствени проблеми од водата.

Трета недела гостиварчани немаат исправна вода за пиење, таа и натаму може да се користи само за техничка употреба. Од кризниот штаб велат дека водата интензивно се тестира, а за пиење ќе биде исправна тогаш кога три последователни анализи ќе покажат дека е бактериолошки исправна.
Инаку, од почетокот на епидемијата, здравствениот систем регистрирал близу 4800 пациенти, но трендот значително оди надолу.
Забраната за пиење на водата во Гостивар беше донесена на 17 ти јули, а два дена подоцна беше прогласена епидемија. На 21-ви јули владата прогласи 30 дневна кризна состојба, а на 27 ми јули беше дозволена техничка употреба на водата. Од почетокот на кризата, државните институции доставиле 580.000 литри флаширана вода во Гостивар, а дополнителни количества доставиле општините и компаниите.
Марија Котовска
