Започнува фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ во Струга
Меѓу филмовите кои ќе бидат прикажани вечерва е премиерата на македонскиот краток филм „Клупа“ во режија на Трифун Ситниковски.

Во Паркот на поезијата во Струга вечерва во 19.30 часот официјално ќе започне десеттото издание на фестувалот на краток филм „Дрим Шорт“.
Во рамки на петте фестивалски дена, предвидени се проекции на филмови во пет натпреварувачки програми: меѓународна, регионална, национална, студентска и специјалната програма „Соочување со минатото“.
За наградите ќе одлучува меѓународно жири составено од сценаристот Масимилијано Нардули, актерката Верица Недеска, продуцентот Цанко Василев и режисерот Гледис Бица.
Меѓу филмовите кои ќе бидат прикажани вечерва е премиерата на македонскиот краток филм „Клупа“ во режија на Трифун Ситниковски.
Влезот за сите фестивалски настани е бесплатен.
