Температурите над 40 степени, апел за претпазливост
Македонија е во пикот на летниот топлотен бран, а температурите на повеќе места надминаа 40 степени. Лекарите предупредуваат на зголемен број колапси и мозочни удари, додека надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најтоплиот дел од денот.

Живата на термометрите наместа го надмина четириесеттиот степен. Македонија е во пикот на летните горештини. Зачестија колапсите и мозочните удари на јавни места, лекарите предупредуваат – секое непотребно излегување во најтоплиот дел од денот претставува ризик за здравјето.
Мобилни екипи на Црвениот крст интервенираат на терен. Шише вода на оние на кои им е најпотребно. Граѓаните што имаат обврски на отворено, бараат сенки. Водата е најдобар сојузник, а клима уредите работат со полна пареа.
Топлотниот бран продолжува, велат од УХМР.
Ако почувствувате силна жед, вртоглавица, гадење, грчеви во мускулите, слабост или забрзана срцева работа, веднаш побарајте медицинска помош, препорачува Институтот за јавно здравје.
Александра Спировска
