Научен симпозиум за значењето на Илинден во Крушево
Силен е континуитет и значењето на Илинден за македонската борба за самостојна, своја држава. Во Крушево се одржа научен симпозиум во рамките на „10 дена Крушевска Република“…

Неспорен и силен е континуитетот на значењето на Илинден за македонската борба за самостојност и создавањето на своја, национална држава на македонскиот народ, констатираа историчарите на Научниот симпозиум во Крушево. Прославата за Илинден 1903-та била дури 1918 година, па оспорувана. Поддршката се засилила во Народноослободителната војна и со вториот Илинден 1944 година.
Крушево не е само место на сеќавање, туку и простор каде што историјата постојано се преиспитува, истражува и научно се вреднува.
Ова е трет Научен симпозиум за Илинден во рамките на Манифестацијата по 20-годишна пауза.
Елизабета Митреска
