Се зголемува употребата на антибиотици од граѓаните

27.09.2014 16:33

Македонија е на високо место во Европа според употребата на антибиотици. Здравствените работници предупредуваат на опасноста од самоволното прекумерно земање на овој не така наивен лек кој може да предизвија отпорност на некои бактерии. Од Фондот за здравство со препораки до матичните лекари.

Употребата на антибиотици во Македонија се зголемува. Граѓаните се почесто ги употребуваат. И кога треба и кога не треба. Од  матичните лекари  ги бараат и како превентива. Дури се и пребирливи во нивниот избор.

„Матичните доктори се под постојан притисок од страна на пациентите да им се препише точно на ливчето кое го носта во нашите амбуланти лекови кои што тие ги бараат и тука тртеба да се употреби сета мудрост на матичниот доктор“, рече др. Лилија Чолакова Дервишова.

Во првите шест месеци во Македонија за 11 проценти е зголемена употребата на антибиотици. Тоа пак придонесе за развој и ширење на бактериите кои стануваат отпорни на антибиотиците.

„Големата потрошувачка дава резултати дека имаме доста отпорни бактерии особено во болниците негде сме околу првите земји заедно со соседите и земјите од Југоисточна Европа“, рече, др. Никола Пановски, Универзитетски професор.

„Мораме да ги заштитиме и зачуваме лековите, да го заштитиме антибиотиците да бидат делотворни за идните генерации“, рече Галубинка  Бошевска,  Институт за јавно здравје.

Преголемата употреба на антибиотици не е само здравствен туку и екононски проблем, бидејки лекувањето чини многи пари, но е и причина за појава на други болести.

„Секој антибиотик си има свои специфики некои се помалку токсични некој се повеќе токсични меѓутоа за сето тоа најдобро е пациентите да  бидат упатувани од нивниот лекар кој ја следи нивнат состојба“,  рече Кристина Христова од Фондот за здравствено осигурување.

Граѓаните поделени по прашањето за самоиницијативна употреба на антибиотиците.

„Сум земала лек кој лекар не ми го препишал, но не многу често, особено вибрамицинот.“

„Никогаш, само по препорака на лекар.“

„Никогаш, ретко многу ретко“, велат анкетираните велешани.

Во првата половина од годинава  најмноги антибиотици  препишале лекарите во Пробиштип, најмалку во Крушево. Македонија споредбено со земјите во соседството е на едно од водечките места. На пример, Словенија троши двојно помалку од нас. Националната кампања што започна деновиве треба да ја промени состојбата оти антибиотикот не е храна за да се одбира без лекар.

Дијана Иванова