Временска прогноза
Сончево и многу топло, температури до 39 степени
06.08.2026 08:24
Попладне ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
