Иран тврди дека е постигнат договор со Оман за рутата низ Ормускиот теснец
Објавата следува откако и американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор за повторно отворање на теснецот би можел да се постигне оваа недела

Иран и Оман постигнаа договор за географските координати за предложениот безбеден поморски коридор за движење на комерцијалните бродови низ Ормускиот Теснец. Сепак, Техеран оцени дека договор меѓу Иран и Оман сам по себе не може да гарантира целосно безбедно пловење додека постои американска поморска блокада и други агресивни и заканувачки активности.
Објавата следува откако и американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор за повторно отворање на теснецот би можел да се постигне оваа недела. Стотици бродови остануваат и натаму заглавени додека се чека исходот од разговорите.
„Можам да кажам дека во најновата ситуација речиси сите теми се предмет на дискусија, мапата, транзитните правци, влезот и излезот од поморскиот сообраќај и тие беа дел од билатералните договори со оман. Овие фундаментални договори се претежно завршени, што значи дека постигнавме значителен напредок во нашите разговори и овој напредок е на работ на финализирање“, изјави Казем Гарибабади, заменик - министер за надворешни работи на Иран.
