Украина

Обединетите Нации со осуда за новите напади на Русија врз Украина

06.08.2026 09:39

Според официјалните информации, во вчерашните напади загинати се најмалку 20 цивили, а над 120 лица се повредени. Регионот Киев беше најтешко погоден, а денешниот ден, 6 август, е прогласен за ден на жалост.

Обединетите Нации (ООН) ги осудија обновените напади на Русија врз Украина и повикаа на заштита на цивилното население.

Според официјалните информации, во вчерашните напади загинати се најмалку 20 цивили, а над 120 лица се повредени. Регионот Киев беше најтешко погоден, а денешниот ден, 6 август, е прогласен за ден на жалост во регионот на украинскиот главен град.

„Нашите колеги го осудија новиот бран напади од големи размери од страна на вооружените сили на руската федерација и повикаа на заштита на цивилното население. Тие забележуваат дека по најсмртоносниот месец за цивилите во Украина од април 2022 година, месец август почна со два последователни ноќни напади од големи размери. Во нападите загинаа и беа повредени цивили во главниот град Киев и околниот регион, додека интензивираните непријателства влијаеја и на други делови од земјата“, изјави Фархан Хак, заменик-портпарол на ООН. 

Претседателот Зеленски ги повика партнерите да испратат повеќе муниција и системи за одвраќање со цел да ја зајакнат  воздушната одбрана.