Германија

Пронајден дрон со експлозив на аеродромот во Лајпциг

06.08.2026 14:55

Двете писти на главниот товарен центар останаа затворени, а неколку летови, вклучувајќи еден патнички авион, биле пренасочени кон други аеродроми откако летачки објект бил забележан во близина.

На германскиот аеродром Лајпциг/Хале вчера бил пронајден дрон со експлозиви, а по брзата интервенција на властите, уредот набргу бил деактивиран. 

Двете писти на главниот товарен центар останаа затворени, а неколку летови, вклучувајќи еден патнички авион, биле пренасочени кон други аеродроми откако летачки објект бил забележан во близина.

„Би било премногу едноставно да се верува дека на оваа форма на закана, која објективно постои, може да се спротивставиме или да одговориме со една мерка...тука се работи за конкуренција, во која можеби се вклучени и странски сили. Oва ќе биде дел од истрагата, која очигледно има за цел да придонесе за значителна несигурност во Германија, не само на аеродромите, туку и на други места“, изјави за медиумите Александар Добриндт, министер за внатрешни работи на Германија.

Истрагата треба да ги расчисти деталите за експлозивите, потеклото на дронот и кој стои зад тензиите. од НАТО Алијансата соопштија дека се известени за инцидентот.