Јапонија
Хирошима одбележува 81-година од атомското бомбардирање од страна на САД
06.08.2026 12:05
Се проценува дека до крајот на 1945 година починале околу 140 илјади луѓе како резултат на експлозијата, топлината, пожарите и радијацијата...

Хирошима одбележува 81-година од атомското бомбардирање од страна на САД. Се проценува дека до крајот на 1945 година починале околу 140 илјади луѓе како резултат на експлозијата, топлината, пожарите и радијацијата. Од церемонијата упатени критики кон големите сили за водење војни и користење нуклеарни закани.
Премиерката на Јапонија рече дека ќе преземе иницијативи за постигнување свет без нуклеарно оружје, а воедно ќе се стреми да го зајакне договорот на Обединетите нации за спречување на ширењето на нуклеарното оружје.
