Србија

Пожари во Србија, изгореа стотици хектари шума

06.08.2026 09:44

Повеќе противпожарни екипи, полиција и воздухопловни сили биле мобилизирани за да го спречат ширењето на огнот.

Голем шумски пожар избувна во источна Србија, a според официналните информации стотици хектари биле зафатени од пламените јазици.

Повеќе противпожарни екипи, полиција и воздухопловни сили биле мобилизирани за да го спречат ширењето на огнот.

Топлотниот бран и натаму е присутен во делови на Европа. Екстремно високите температури во комбинација со сув ветер, го зголемуваат ризикот од огнени стихии, а реките и езерата бележат рекордно ниско ниво.