Високите температури ги разгоруваат пожарите низ Европа
Екстремната топлина, во комбинација со сув ветер, го зголеми ризикот од огнени стихии, а реките и езерата бележат рекордно ниско ниво...

Европа се соочува со едни од најинтензивните шумски пожари оваа сезона, со активни жаришта во Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Хрватска, Словенија, Турција, а во последните денови во Албанија, Грција и Србија. Екстремната топлина, во комбинација со сув ветер, го зголеми ризикот од огнени стихии, а реките и езерата бележат рекордно ниско ниво.
Втората по должина река во Европа се соочува со опасно низок водостој, што создава огромни проблеми за енергетскиот сектор, но и за природата и земјоделството. Некои од европските земји упатија апели до граѓаните за одговорно користење на водата и електричната енергија.
