Фудбал

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно желба на Наполи

06.08.2026 13:39

Доколку преговорите бидат успешни, ова би бил негов втор престој како позајмен играч, односно негова втора последователна сезона на позајмица на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, сака повторно да го донесе Елиф Елмас во Неапол, но информациите во медиумите велат дека нема да биде лесно да се реализира овој трансфер со Лајпциг.

Македонскиот репрезентативец официјално ја заврши својата едногодишна позајмица во италијанскиот клуб на 30 јуни 2026 година, по што се врати во Лајпциг. Иако Наполи реши да не ја активира првичната откупна клаузула од 16 милиони евра, клубот веднаш започна нови преговори за уште една, нова позајмица за претстојната сезона.

Де Лаурентис го цени Елмас и смета дека за овој фудбалер вреди да се направи жртва за уште една позајмица со задолжителен откуп. На ова е согласен и новиот тренер Масимилијано Алегри.

Доколку преговорите бидат успешни, ова би бил негов втор престој како позајмен играч, односно негова втора последователна сезона на позајмица на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Елмас досега имаше два периоди во дресот на „наполитанците“. Во 2019 година пристигна по перманентен трансфер од Фенербахче. Оствари 189 настапи, постигна 19 голови и беше клучен дел од тимот што го освои историското скудето во сезоната 2022/23.