сторија

„Канат 2.0“ подземно разладување против жештините

06.08.2026 17:00

Древната технологија што ја имале Персијците најде примена во борбата против климатските промени и екстремно жешките денови. Професорот Хозе Санчез од Севиља ексклузивно за Македонската телевизија ја открива оваа метода, која слободно велат и дел од нашите експерти може да се примени и кај нас.

Со „Канат 2.0“ концептот за природно подземно разладување на јавните површини во Севиља група научници им се спротивставија на последиците од климатските промени. Дури и кога температурите се искачуваат до 43 степен персиската древна техника ја користат како решение за да се одржи термичка удобност во јавен простор и на отворено, делувајќи како вистински климатски засолништа, вели за МТВ универзитетскиот професор од Севиља, Хозе Санчес кој е и раководител на истражувачката група „Термотехнија“

„Имаме една од најголемите урбани лави во светот наречена Картуџа канат која обезбедува ладна вода, но и ладен воздух на одредено растојание. Одржувајќи удобност дури и кога сончевото зрачење надминува 900 вати на квадратен метар, а температурите достигнуваат 42 до 43 степени целзиусови, и сето тоа на отворено. Ова го постигнуваме преку работа со водата, почвата, небото и воздухот, интегрирајќи ги во решенија кои се ефикасни, технички и економски исплатливи и лесно применливи на други места. Ги вградивме во урбаната опрема, како на пример во нашата биоклиматска автобуска постојка, па дури и редизајниравме јавни плоштади каде што самите клупи создаваат ладен воздух“, изјави професорот Хозе Санчес.

Тимот го тестирал ова решение за природно аклиматизирање на повеќе од 1.000 квадратни метри отворен простор, целта е вели Санчез да се примени во сите градови низ Европа. Земјава има географски и метеоролошки предуслови за ваков концепт вели метеоролог Секирарски. Тој посочува дека би било ефикасно и корисно особено при топлотните бранови да може да се користат, решенија мора да се изнаоѓаат, па овој концепт би можел да ни послужи за тоа.

Фиљана Кока