Струмица
Протест на земјоделците во струмичко Муртино
06.08.2026 14:08
Сметаат дека цената од 25 денари за откуп на пиперките како суровина за конзервните фабрики е понижувачка, наспроти трошоците кои ги имаат за производство.

Мирен протест на земјоделците во струмичко Муртино на кој се приклучија и градинари од останатите струмички села. Изразија незадоволство од понудените цени од откупувачите за црвените пиперки, на стартот од откупната сезона. Сметаат дека цената од 25 денари за откуп на пиперките како суровина за конзервните фабрики е понижувачка, наспроти трошоците кои ги имаат за производство.
Го повикаа ресорниот министер за земјоделство Борче Серафимовски да ги посети и на заедничка маса со откупувачите и фабрикантите да се утврдат откупните цени. Во спротивно најавуваат блокади.
