Образование

Македонските матуранти ја положија државната матура со просечен успех 3,66

06.08.2026 17:18

Министерката Јаневска задоволна од годинашниот просек од државната матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испита, Образование ги објави конечните резултати од јунската матурска сесија. Просечната оценка од сите три типа матура изнесува 3,66.

Македонските матуранти ја положија државната матура со просечен успех 3,66. Тие за прв годинава полагаа според новата концепција која предвидува три категории на матура, државна, државна стручна и државна уметничка. Вкупно полагале речиси 14.600 ученици, а околу 350 не се појавиле на испитот, информира министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која е задоволна од текот и резултатите.

Паралелно со порастот на успехот, имаме и значително намалување бројот на препишувачи, информираат од државниот испитен центар. Поради препишување или користење недозволени средства, поништени се испитите на околу 230 матуранти и тие ќе полагаат повторно во август. Целта не е да се заплашуваат учениците, туку да се мотивираат да го покажат она што најдобро го знаат и умеат, вели директорката на центарот Даниела Јовчевска Михајловска.

Матурантите поднеле и 805 приговори, а прифатени се речиси 1% од нив. Следниот термин за полагање на екстерните испити е средината на месецов.

Наспроти оние кои го завршуваат средното образование, загрижувачка е состојбата со бројот на оние кои треба да го почнат основното, велат од ресорното министерство. Додаваат дека годинава очекуваат околу 3.000 првачиња помалку од лани.

 

Марија Котовска