Влада

149 милиони евра грант за пругата кон Бугарија

06.08.2026 13:14

Во Владата денеска беа потпишани договорите за инвестициски грант од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, со што се обезбедува финансиската конструкција за реализација на третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир.

Македонија доби 149 милиони евра грант за пругата кон Бугарија, за изградба на делницата Крива Паланка – Деве Баир.

Со потпишувањето на договорот обезбеден преку инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската Унија, како и на договорите за финансирање со Европската инвестициска банка и Банка за обнова и развој, Македонија ја користи својата уникатна позиција како крстосница на двата коридора, 8 и 10, и на тој начин треба да биде срце на Балканот.

Потпишувањето во Владата го следеше Александра Велинова.