Битола

Консултантските услуги на европските експерти го зголемија производството и бројот на вработени

27.09.2014 16:52

Македонските компениии што ги користат консултанските совети на европските експерти веке бележат позитивни производствени приказни. Консултанската помош досега ја искористиле окулу 700 средни и мали претпријатија. Ефектот зголемено производство за 70 посто и отворени нови 700 работни места...

Средните и мали компании што ги користат деловните совети на европските идустриски експерти веке бележат рас и проширен асортиман на своето производство. Битолскиот капацитет за производство на сладолед и замрзната храна „Цермат“ по двегодишното спроведување на проектот со консултантте на Европската банка го зголеми бријот на производи и пазарниот удел на домашниот и странскиот пазар.

„По 24 месеци од соработкат можеме да кажеме дека извозот го прожиривме уште во неколку земји и воведовме нови производи кој не само што се интерсни на пазарот туку се далеку поконкурентни“ вели сопственикот на „Цермат“ Зоран Ристевски.

Бенефитот го чуствуваат и фабриките чии проекти се во завршна фаза. Проектот на прилепската пивара за подобрување на комерцијално-сметководствено работње иако не е официјално имплементиран ги дава почетните резултати.

„Придобивките се видливи бидејки делот на подобрување на продажбата и деловите од таа дејност се покриени софтверски и ефектите се чувствуваат бидејки се работи на лице место“, рече Здравко Јорданоски, финансиски директор на Прилепска пивара.

 Развојните компоненти од пристапот до знаење ги почуствувале окулу 700-тини македонски фирми, кај 70 посто од нив е регистрирано зголемена продажба на  производите. ефект што сам посебе отвара едно друга значајна врата.

„Нашат помош ја зголемува и вработеноста. Како индикатор за последните три години се отвориле 700 нови работни места во овие компании или 200-300 во просек на годишно ниво“, вели националниот програмски менаџер Маја Антевскаќ.

Самото искачување на повисоко скалило на компаниие му овозможува понатаму да можат полесно да доагат и до финансиска помош. По овој основ досега влегле окулу 30 милиони евра.Антевска вели дека интерсеот и понатаму е голе а во моментот на тере работаат 220 нивни советодавни агенти.

Стевче Митревски