Мицкоски: Македонија според куповната моќ на населението е пред сите земји од регионот
Според премиерот Мицкоски - Евростат ги демантира СДСМ – Македонија според куповната моќ на населението е пред сите земји од регионот. За опозиција пак Таков заклучок во документот нема.

Македонија е пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски по последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат. Тој додаде дека лично смета оти се гледа разлика во однос на состојбата од пред три-четири години и дека е видлив напредокот на земјата.
Премиерот додаде дека, опозицијата ќе продолжи со, како што кажа, „конструкции и лаги“, а Владата ќе остане фокусирана на економскиот развој на земјата.
Претходно, по објавувањето на извештајот на Евростат за земјава, реагираа од СДСМ дека Македонија има најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа.
Инаку, според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто-минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ. Вредноста на платата е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција. Според овој показател, Македонија со 1.142 единици на куповна моќ се рангира пред Малта, Словачка, Унгарија и Чешка.
Борис Грујоски
