Македонија

Стајковци 10 години по катастрофалното невреме

06.08.2026 19:49

Деценија по катастрофалното невреме што го погоди Скопје на 6 август 2016 година. Жителите на најпогодените населби сè уште се сеќаваат на кобната ноќ кога водената стихија однесе 22 човечки животи. Жителите велат дека трагедијата не смее да се заборави и апелираат за поголема превенција, редовно одржување на одводните канали и пошумување на околните планини за да не се повтори ваква катастрофа.

Се случило, да не се повтори. Најголемото невреме што го погоди Скопје пред 10 години, на 6 август 2016 година, донесе трагедија и големи последици, но остави и сведоштва на луѓето кои ја преживеаја оваа природна несреќа.

Жителите на Стајковци велат, на почетокот се појави силен град и грмотевици и силен дожд, но ништо не навестуваше дека ќе се случи огромна водена маса да се симне од планинските сртови на Скопска Црна гора. Водата носеше тиња, кал, автомобили, покуќнина која ни се сруши на куќите. Имаше над метар и половина вода која поплави сè во приземјето и на првиот кат, додека ние се засолнивме на вториот кат.

На 6 август 2016 година Македонија ја погоди силно невреме проследено со обилни врнежи, грмежи и силен ветер. Наврнаа 93 литри дожд на метар квадратен за 24 часа, а првите два часа од невремето биле регистрирани повеќе од 800 молњи и громови. Загинаа 22 лица, а над 1.000 беа евакуирани. Еден од жителите вели, поплавата е природна стихија, која не можела да се спречи. Но, сепак и државата треба да се погрижи за поредовно чистење на каналите и за пошумување на голините на околната планина.

Помошта што дошла во првиот момент била од полицијата, армијата и комуналните претпријатија и од градежните фирми, за да се расчисти најпрво теренот за да има пристап до куќите кои буквално беа блокирани од калта којашто ја донесе водата. Потоа, на ред беа Црвениот крст и социјалните служби кои помагаа во сместувањето на лицата погодени од трагедијата. Потоа беше организирана доставата на вода, храна лекови и други неопходни потребштини за колку-толку нормален живот на оние кои останаа во куќите.

Невремето предизвика големи поплави, материјална штета и човечки жртви. Според официјалните податоци, во скопскиот регион животот го загубија 22 лица, а најголем дел од нив биле возрасни граѓани, меѓу кои и болни и изнемоштени лица. Најмладата жртва беше двегодишно дете. На скопските клиники биле примени 22 повредени лица, а во текот на ноќта по невремето повеќе од 1.000 граѓани беа евакуирани. Голем број жители на Стајковци, Смилковци, Ченто и Арачиново останаа без домови, а поплавите предизвикаа сериозни оштетувања на инфраструктурата и на земјоделските имоти.

Државата во голем дел по несреќата и по процената на штетата ги обесштети настраданите домаќинства.

Игор Панов