Епидемиолошката состојба во Гостивар се стабилизира, но водата не се пие
Продолжуваат обвинувањата меѓу власта и опозицијата за водата во Гостивар...

Епидемиолошката состојба во Гостивар се стабилизира, но водата и натаму не се пие, но може да се користи за техничка употреба. Анализата на водата ќе биде објавена до 20 август, велат надлежните.
Од Кризниот штаб велат дека интензивно се вршат тестирања, а водата ќе може да се пие кога три последователни анализи ќе покажат дека е бактериолошки исправна.
Откако министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека резултатите од анализата за водата во Гостивар ќе бидат објавени до 20 август, СДСМ обвини дека граѓаните дотогаш ќе бидат труени со вода за која, како што велат, власта тврди дека е технички исправна, без да приложи документ со кој може да го гарантира тоа.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинија дека СДСМ глуми загриженост само за да добие политички поени бидејќи, како што велат, гостиварци пиеле небезбедна вода и за време на мандатот на претходната власт.
Инаку, од стартот на кризата, институциите доставиле 580.000 литри флаширана вода во Гостивар.
