Современите лабаратории ја зголемија конкурентноста на високообразовните институции
Речиси сите лаборатории ја почнаа постапката за акредитација, која носи позитивни резултати, пред сé признаеност на тест извештаите и сертификатите кои се издаваат, во светски рамки, а со тоа и поголема употреба и повисоки финансиски исходи...

Со 1, 6 милијарди денари државата најсовремено опреми 80 лаборатории на високообразовните институции. Години наназад универзитетите ја немаа оваа можност, а компаниите овие услуги ги добивале во странство по многу високи цени. Денес голем дел од факултетите можат да се пофалат со најсовремена апаратура и технологија.
„Даваат можност да бидеме многу поконкурентни на пазарот, и на пазарот во смисла на она што ќе го постигнеме како знаење и истражување, меѓутоа и она што можеме да го понудиме како помош на малите и средни претпријатија“, рече Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет.
Лабораторијата за обликување со деформација и брзи прототипови на Машински факултет нуди услуги по цена од 230 евра, a истата услуга компаниите во западноевропските земји би ги чинела двојно повеќе плус трошоци за транспорт.
„Имавме направено испитување на композитни материјали коишто во суштина ги бара компанија која е во Македонија и која се бави со тој бизнис. Интерес постои, и тоа што најмногу ме радува е дека цената на чинење на услугите коишто ги даваме се во суштина многу помали во однос на она што би го добиле како услуга надвор од Република Македонија“, вели Атанас Кочов, декан на Машинскиот факултет.
Речиси сите лаборатории ја почнаа постапката за акредитација, која носи позитивни резултати, пред сé признаеност на тест извештаите и сертификатите кои се издаваат, во светски рамки, а со тоа и поголема употреба и повисоки финансиски исходи. Доколку сите лаборатории се акредитираат во просек од три до пет години ќе може да ја повратат вложената инвестиција инвестицијата . Владата во 2010 почна со реализација на капиталниот проект за “опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност.
Викторија Тодоровска
